Израел запре хуманитарна помош да влезе во Газа

Израел запре хуманитарна помош да влезе во Газа.

Ова следува по истекот на првата фаза од договорот за прекин на огнот, и откако Хамас ги отфрли продолжувањата поддржани од страна на САД.

Инаку, вчера истече првата фаза од прекинот, според кој од средината на јануари беа ослободени десетици израелски заложници и стотици палестински затвореници.

Хамас инсистира да се премине во втората фаза, обвинувајќи дека Израел прави „трајна манипулација“ со предложеното продолжување на исламскиот свет месец Рамазан и еврејскиот празник Пасха.

Лидерот на Хамас Махмуд Мардави во својата изјава изјави дека „единствениот пат за регионална стабилност и враќање на затворениците е целосното спроведување на договорот, почнувајќи од втората фаза“.

Продолжувањето беше предложено од пратеникот на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот исток, Стив Виткоф.

„Со завршувањето на фазата А од договорот за заложници и во светло на одбивањето на Хамас да ја прифати рамката на Виткоф за продолжување на преговорите – на кои се согласи Израел – премиерот Бенјамин Нетанјаху одлучи дека од утринава ќе биде стопиран целиот влез на стоки и залихи во Појасот Газа. Израел нема да дозволи прекин на огнот без ослободување на нашите заложници. Ако Хамас продолжи да одбива, ќе има дополнителни последици“, се вели во соопштението од канцеларијата на Нетанјаху.

Израелците пак сакаат продолжување на првата фаза – размена на заложници, живи и мртви, во замена за продолжување на ослободувањето на палестинските затвореници и проток на поголема помош за Газа. Се верува дека 24 израелски заложници се уште се живи во Газа.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното