Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати 550 евра за фрлање мачиња

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати 550 евра за фрлање мачиња

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ја изрече првата глоба за напуштање новородени животни во земјава. Сторителот од Скопје е казнет со 550 евра во денарска противвредност, откако во парк во близина на скопски трговски центар фрлил цело легло со мали мачиња.

Инцидентот бил забележан од совесен граѓанин кој веднаш го пријавил случајот до ЈП „Лајка“, приложувајќи фотографии и видеоснимки од напуштањето. Врз основа на доказите и регистарските таблички на автомобилот со кој биле донесени мачињата, АХВ во соработка со Министерството за внатрешни работи го утврдила идентитетот на сторителот.

По спроведената вонредна инспекциска контрола од страна на официјален ветеринар, изречена е санкцијата согласно член 26 од Законот за заштита и благосостојба на животните и член 59 од Законот за ветеринарно здравство.

Од АХВ апелираат до граѓаните активно да пријавуваат вакви случаи и, доколку се во можност, да доставуваат материјални докази (фотографии или видеозаписи). Напуштањето животни може да се пријави 24 часа на бесплатната телефонска линија 0800 3 2222 или преку електронска пошта.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни