Извлечен заробениот возач на камион меѓу паднати дрвја на патот Росоман – Прилеп

ЦУК преку бројот 112 добил пријава за камион кој е заглавен меѓу дрвја кои паднале во близина на ресторанот „Јавор“ на патниот правец Росоман – Прилеп.

Пријавувачот бара интервенција, затоа што како очевидец јавува дека возач на камион бил заробен во возилото. Екипа веднаш се упатила на местото на настанот од ТППЕ Кавадарци, а од регионалниот ЦУК Велес извести дека екипа од ТППЕ со 1 противпожарно возило и 2 пожарникари веќе се упатиле кон местото на настанот.

Возачот на камионот не е повреден и нема никакви посериозни штети направено на камионот, по успешното извлекувањето од местото каде што бил.

Конкретно, заглавениот камион на патот кај Росоман кон Прилеп, на место викано „Камен Дол“ близу кај ресторанот „Јавор“ е извлечен од страна на ТППЕ Кавадарци со екипа од три пожарникари и две ПП возила. Камионот бил заглавен и во кал со предните две тркала.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното