Извлечено е и телото на 56-годишниот маж од водите на Вардар.
Синоќа беа извлечени телата на три жени од автомобилот Ауди, кој вчера попладне излета во Вардар во близина на селото Рашче.
Во автомобилот во моментот на несреќата имало три жени, маж и четиригодишно дете. Детето за среќа паднало на патот во моментот на лизграњето на автомобилот и со телесни повреди е пренесено во клиниката 8-Септември.