Во рамките на постапката во Основното јавно обвинителство Битола се преземаат дејствија во предистражна постапка.
„Извршен е распит на пријавеното лице, а во тек е вештачење на неговиот мобилен телефон.
Надлежниот јавен обвинител издаде и повеќе наредби до Министерството за внатрешни работи од кои по дел се уште се постапува.
Кај пријавениот по барање на јавен обвинител и врз основа на судска наредба беше извршен и претрес.
По завршување на сите дејствија ќе биде донесена јавнообвинителска одлука“, велат од Основното јавно обвинителство.