Чичек билката содржи бројни лековити состојки, како што се етерично масло, инсулин, витамин Ц и минерали како што се железо, магнезиум, натриум и калиум. Чајот од чичек го подобрува варењето на храната и апетитот, ја регулира работата на цревата и поволно делува на гастроинтестиналниот тракт.
Овој чај од одамна се користи за детоксикација, чистење и регенерација на црниот дроб. Докажано е дека ги лечи бубрежните болести и ја прочистува крвта. Со фактот дека коренот на ова растение содржи инсулин, чајт од чичек има и хипогликемички ефект, па може да го намали нивото на шеќерот во крвта и да помогне во лечењето на дијабетесот. Истовремено, чајот од чичек ја подобрува и циркулацијата, а добар е и за лечење на бронхијалното кашлање и други иритации на белите дробови.
Интересно е тоа што чајот од чичек може да помогне и кај жените а зголемување на градите, така што го зголемува протокот на крвта во ткивата на дојките. Освен како лековит напиток, овој чај се користи и за надворешна употреба, во вид на облоги или купки. Чајот од чичек може да делува многу смирувачки на кожата. Ако се користи во вид на облога, може да помогне кај зараснувањето на раните, во случај на иритирана кожа, во случај на осип, изгореници, акни, егзема и чиреви. Благодарејќи на антиоксидантното дејство, чајот од чичек може да спречи и настанување на брчки на лицето. Ако се користи за чистење на косата, чајот од чичек може да помогне и во лечење на првутот и во борбата против опаѓањето на косата.
Рецепт за подготовка на овој чај:
Чајот од чичек се прави многу едноставно. Најпрво иситнете една лажичка сув корен од чичек, па прелијте го со 2.5 децилитри вода и варете додека не зоврие. Потоа, намалете ја температурата и варете уште 2-3 минути. Поклопете го садот и оставете да отсои околу 15 минути, а потоа процедете. Потребно е од чајот да пиете 2-3 пати дневно, а можете и да го засладите. Освен од коренот на чичекот, чај можете да правите и од исушените листови.
Несакани ефекти:
Чајот од чичек генерално е безбеден и може да лечи многу болести, меѓутоа, трудниците и доилките треба да го избегнуваат.
Чај од чичек за зголемување на гради
Доколку сте мислеле дека пластичната операција е единствениот начин за зголемување на градите – грешите! Постојат и некои природни намирници кои влијаат на подобрувањето на циркулацијата во ткивата на дојките и со самото тоа влијаат на природното зголемување на градите. Чичекот е еден од нив. Чајот од чичек за гради се користи уште од многу одамна, а на нивното зголемување влијае на тој начин што го зголемува протокот на крвта во ткивата на дојките.


