Живот

Ја празнуваме Света Вероника

Ја празнуваме Света Вероника

Тоа е крвоточивата жена којашто во она време Христос ја исцели (Матеј 9, 20). Од благодарност кон својот исцелител Господ, Вероника порача и ѝ направија статуа на Исус Христос и пред неа таа Му се молеше на Бога.

Според Преданието, оваа статуа била сочувана до времето на царот Јулијан Отстапник, којшто ја претворил во статуа на идолот Ѕевс.

Ова е еден од вонредно ретките случаи во Црквата на Исток да бидат употребувани статуи со свети ликови.

Како што е познато, подоцна тоа стана обичај во западните цркви. Света Вероника ѝ остана предадена на Христовата вера до својата смрт и мирно почина.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни