Кнаби Ламе (21 година) до минатата година месец март бил работник во фабрика во италијанскиот индустриски град Чивасо.
Поради пандемијата на коронавирусот, тој ја изгубил својата работа и без никакви приходи се вратил во домот на своите родители, каде се посветил на своето хоби,
Денес тој е едно од најпознатите лица во светот, и тоа благодарение на новата социјална мрежа ТикТок.
Имено, таму го следат околу 100 милиони луѓе, а неговите видеа на имаат повеќе од милијарда лајкови.
Со толку голем број следбеници се проценува дека ѕвездата на социјалните мрежи вреди милиони, а „Celebs live reel“ пишуваат дека вреди меѓу еден и два милиони долари. Меѓутоа, таа бројка може и да се промени, односно да се зголеми со оглед на тоа дека неговиот број на следбеници секојдневно продолжува да расте,
Според пресметките, тој може да заработува до 20 илјади долари по објава, но проценката е направена во момент кога го следеле нешто повеќе од 20 милиони луѓе. Се верува дека заработката денес е пет пати повисока.
Инаку, видеата му се базираат на често непотребните, т.н. „life hacks“, укажувајќи на нивните апсурди, односно младиот Тиктокер покажува како истата таа задача може да се изведе на многу поедноставен начин.
