На 50 училишта на територија на Македонија во текот на летниот период ќе се постават фотоволтаични панели. Ова го најави Владата која напомена дека ќе инвестира 1,1 милиони евра за инвестирање во обновливи извори на енергија. Договорот бил склучен од страна на министерството за образование со Банката за развој при Советот на Европа.
„Неповратен грант од 1.1 милион евра за инвестирање во обновливи извори за енергија, склучи Министерството за образование и наука со Банка за развој при Совет на Европа.
Со ова не само што заштедуваме финансиски трошоци, туку и добиваме можност средствата да ги реинвестираме во други инфраструктурни проекти, дигитални помагала за учениците во училиштата, како и за учебници.
Нашата заложба како Влада е да ја зголемиме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија.
Со конкретни чекори, мерки и проекти, не само што заштедуваме буџетски средства, туку и придонесуваме за намалување на загаденоста на животната средина.
Владата работи со визија и цел, а тоа е подобрување и унапредување на образовниот систем.
Се обврзавме пред граѓаните, реализираме и исполнуваме.
Државата е на патот на промените.“, велат од Владата.
Ја зголемуваме енергетската ефикасност преку искористување на обновливи извори на енергија