Компанијата Jaffa doo Crvenka информира дека доброволно повлекува одредени количини од производот Rum kasato 120g поради можност за присуство на тврди шеќерни парчиња со следниве рокови на траење.
Најдобро да се употреби до:
10.7.2025
14.7.2025
23.7.2025
24.7.2025
25.7.2025
26.7.2025
Од компанијата нагласуваат дека повлекувањето се однесува само на одредени серии, додека сите останати производи се безбедни за употреба и со стандарден квалитет.
„Довербата на нашите потрошувачи и нашата посветеност кон највисоките стандарди се наш приоритет,“ се вели во официјалното соопштение на Jaffa Crvenka.
Компанијата ги повикува сите потрошувачи кои купиле производи со наведените датуми да ги контактираат на [email protected] за соодветна замена на производот.