Јакимовски: Обвинителството сериозно да се позанимава со поткупот во Злокуќани

Досегашниот градоначалник и кандидат за нов мандат од ГРОМ, Стевче Јакимовски вечерва истакна дека општина Карпош оди во втор круг.

Како што вели ова во глобала било фер и демократски ден.

„Во глобала ова беше фер и демократски ден и голем чин за граѓаните на општина Карпош, освен во населеното место Злокуќани каде што мислам дека после првиот круг треба обвинителството посериозно да се занимава затоа што имаше предизборен поткуп. Влегуваме во втор круг“, порача Јакимовски