Привремениот бугарски премиер Стефан Јанев денеска во интервју за БНТ истакна дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета.
Според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ.
Јанев вели дека пред да ја преземе функцијата преодната влада во мај оваа година, позицијата не била јасно соопштена.
„Нема да отстапиме од нашата позиција“, изјави Стефан Јанев.