Денеска се изврши примопредавање на функцијата градоначалник на општина Струмица.
По овој повод досегашниот градоначалник Костадин Костадинов му ја предаде функцијата на новиот градоначалник Петар Јанков и му посака плоден и успешен мандат.
„Во мое лично име сакам да му честитам на мојот политички наследник како градоначалник на Струмица, Петар Јанков, да му посакам плоден и успешен мандат, многу храброст, истрајност и најважно од се трпение“, порача Костадинов.