Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција истакна дека нема повеќе да дозволат на земјава да се случи ваков арамилук, криминал, корупција и неправда на државата, на македонскиот народ и сите граѓани на Република Македонија.
„Зоран Заев заминува во историјата, а со него заминуваат и сите криминоген навики на Заеви, на Шеќеринска, Анѓушев, Спасовски, Кирацовски, Ременски и останатите.
Зоран Заев е човек кој ја опљачка Република Македонија, кој безмилосно ги лажеше граѓаните. Никој повеќе не му верува и затоа тоне дури и на сопствените анкети што ги прави. Во очите на Зоран Заев му се гледа дека е дојден крајот на неговата неславна политичка кариера, му се гледа ставот и очајот во кој тоне.
Преку своите лаги успеа на момент да ги придобие симпатиите на јавноста, но тоа е веќе далечно минато.
Зоран Заев е најнепопуларниот политичар меѓу граѓаните. Сега веќе нема со што повеќе да ве лаже.
На 12 април ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата заедно со граѓаните ќе го зададат последниот удар на криминално рекетарската банда на власт на Зоран Заев и веднаш потоа ќе отпочне со Обнова на Македонија.
Не чека сите заедно многу работа и многу посветеност, за да ја реализираме визијата од програмата Обнова за Македонија, за да си ја вратиме државата на вистински колосек и да го постигнеме сето она што е изгубено изминатиот период додека СДСМ е на власт.
Имаме тим од стручни, чесни и посветени луѓе, имаме визија, програма и план. План за обнова на Македонија и веруваме дека сите заедно ќе го реализираме сето тоа.
Република Македонија ќе ја направиме економски силна држава, правната држава мора да завладее и секој кој што се огрешил пред законот и направил криминал да одговара за истиот“, рече Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.