Во рамките на предистражната постапка која ја води Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поради основи на сомневање за даночно затајување и даночна измама, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице – одземање на патна исправа и обврска да се јавува повремено на определено службено лице или кај надлежен орган, рече Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски во гостување во МТВ.
„Судот го прифати предлогот и ги определи предложените мерки.
Други три лица кои беа задржани дадоа исказ пред јавен обвинител, по што се пуштени.
Дејствијата, вклучително и извршените претреси, се преземаат во предистражна постапка.
Предистрагата продолжува. Станува збор за сомненија за финансиски криминал и се вршат опсежни проверки со цел испитување на сите околности.“, изјави коцевски.

