Ирина Шајк е добро позната на целиот свет, но малкумина знаат дека оваа убавица има и сестра. Додека Иина ужива во центарот на вниманието, нејзината сестра не е ни најмалку заинтересирана за јавниот живот. Таа живее затскриен и мирен живот во Русија и е целосно посветена на своето семејство.
Татјана Петенков и нејзиниот сопруг имаат три деца, две ќерки и син, а едното го доби името по позната манекенка. Татјана и нејзиниот сопруг одгледуваат и продаваат кучиња.
Иако се разделени со километри, тие две се многу блиски и се поддржуваат една со друга.
Да ве потсетиме, пред да стане славна, Ирина живееше во малото руско село наречено Јманжелинск. На само 14 -годишна возраст, таа го загуби својот татко, кој имаше пневмонија, а нејзината мајка тогаш работеше дури три работи за да го прехрани своето семејство.
ФОТО: Профимедиа
