Јавноста бара смртна казна, се шири и петиција!

Денеска целата јавност во Македонија беше вознемирена по веста дека е пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања, по која јавноста цела недела трагаше.

Според соопштението на МВР, Вања била земена со возило од влезот на живеалиштето, а од обезбедените информации од распитот утврдено е дека била убиена истиот ден (27.11.2023) околу 10.00 часот.

Убиството на Вања и убиството на 74-годишниот Панче од Велес, се извршени од истите лица а мотивот е – „користољубие“.

Јавноста бара објаснување од институциите и повеќе информации, но од Министерството за внатрешни работи најавија прес конференција за во 09:30 часот утре.

Исто така, јавноста изразува и гнев, што може да се забележи и на социјалните мрежи каде се бара смртна казна, а веќе е покрената и иницијатива која може да ја видите ТУКА