Јелена Арменска за трагедијата во Кочани: Имаше Господ, се спасив благодарение на мојот другар Јован

Во пожарот кој избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани меѓу повредените е и Јелена Арменска од Берово која успеала да се спаси со помош на Јован.

Таа се врати од лекувањето во Шпанија и за МИА раскажа за кобната вечер, за херојството на нејзиниот другар Јован кој ја спасил, како и за помошта од полицајците и обезбедувањето на клубот.

– Се спасив благодарение на Јован. За среќа имало Господ, јас и моите две другарки се вративме живи и здрави. Хероите беа таму, пожарникарите и обезбедувањето цело време се трудеа, се сеќава Арменска на кобната ноќ.

Јелена била првично однесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, а оттаму нејзиното лекување продолжува во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде останува една недела.

– Првите 10 минути бев свесна, потоа се онесвестив. Бев однесена на Токсикологија, па потоа на Карил, а од таму заминав во болницата „Ла Паз“ во Шпанија каде бев една недела. Таму беше страшно, имаше повредени на кои има беше направена пластична операција, раскажува Арменска.

Таа изрази благодарност до сите кои помогнале нејзината „голгота“ да помине во најдобар ред, потенцирајќи ја и помошта од сопственикот на компанијата „Зегин“ Благоја Механџиски, кој по потекло е од Малешевијата. Од оваа компанија најавуваат дека целосно ќе ја покријат станарината за младиот Јован кој најверојатно факултетот ќе го продолжи во Скопје.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното