Водителката на Канал 5 Јелена Спенџарска вчера се најде во многу непријатна ситуација на сред улица во Скопје.
Имено, додека Спенџарска шеташе низ скопските улици со цел да стаса до омилениот бутик каде си зема нова облека, силниот ветер и направи непријатна ситуација на водителката. Јелена, со сите сили се бранеше да не се види она што не треба, со оглед на тоа што носеше кратко фустанче од материјал кој лесно може да се подигне а со оглед на ветерот кој вчера го зафати скопскиот регион тоа беше неизбежно.
Во кратките Инстаграм приказни, Јелена се пошегува на своја сметка па напиша „ Иде Дунав“.
Спенџарска важи за личност која отсекогаш водела грижа за својот изглед и за своето тело. Не е ни чудо со оглед на тоа дека во емисијата која таа ја води наутро постојано може да слушнеме совети за здравиот начин на исхрана колку е важно вежбањето, па кога имаш такви луѓе до себе греота е и да не искористиш по некој совет.
За резултатот кој таа го постигна неодамна објави и на социјалните мрежи кога се испофали колку видно ослабела.
Извор: Вистина.мк