Брзи погачи со јогурт валкани во сусам
Како мерка се користат чаша јогурт или павлака.
● СОСТОЈКИ ●
2 чаши јогурт
1 чаша масло
2-3 кеси прашок за пециво
2 лажички сол
6-7 чаши брашно
Малку вода за потопување
100 гр малку пржен сусам
Можете да ги направите празни или да ги наполните со фил по желба.
Најпрво во сад измешајте две чаши јогурт, додадете масло, прашок за пециво, брашно и сол и со раце замесете меко тесто. Раскинете го тестото и формирајте топчиња со големина на тупаница. Потоа разредете ги со раце и наполнете ги со саканиот фил. Можете да ги направите и празни, но сигурно ќе бидат поубави ако ги наполните со нешто. Во едниот сад истурете малку вода, а во другиот лесно препечен сусам. Потопете ги топчињата во вода и валкајте ги во сусам. Печете ги на 180 C околу 15-20 минути.