Никола Јокиќ неодамна потпиша повеќегодишен договор со кинескиот производител на патики 361 и открива дека за тоа големо влијание имал неговиот соиграч од Денвер Нагетс, Арон Гордон.
Јокиќ, кој досега во кариерата носеше тениски обувки „Најк“, ја изненади јавноста со објавата дека го напушта големиот американски бренд и потпишува договор со кинески производител.
Тој потврди дека важна улога во изборот имал неговиот соиграч Арон Гордон, кој долго време работи со истиот производител.
„Гордон имаше големо влијание, но тие (марката 361) беа исто така многу директни и искрени со мене. Разговарав со Арон за се, тој рече дека се добри, брзи и го слушаат играчот. Навистина сум задоволен од досегашниот однос“, изјави Јокиќ и додаде:
„Не знам ни колку е долг договорот, но тие навистина се трудат да ја направат копачката што е можно поудобна. Ме прашуваат после секој тренинг и после секој натпревар“.
361 е дваесетгодишен кинески спортски бренд, кој има шест илјади продавници во Кина и повеќе од три илјади ширум светот.
Јокиќ го имаше своето деби во моделот ‘361 Big Future High’ во победата од 113:104 против Торонто.
