Јошевска-Анастасовска: Обвинителството врши притисок и напад врз мојата слобода на говор

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска реагираше на писмото што Јавното обвинителство го упати до Адвокатската комора, велејќи дека тоа го чувствува како „притисок и директен напад врз нејзината слобода на говор и професионална независност“.

„Би сакала да го видам Јавното обвинителство со иста таква енергичност да реагира кога е отворено нападнато од извршната власт, бидејќи тоа е прашање на институционален интегритет, а не на лична суета“, напиша Јошевска-Анастасовска.

Таа посочи дека во нејзините јавни настапи повеќепати појаснила дека говори како бранител на конкретен обвинет во тековна постапка, а не како независен правен експерт.

Во својата објава таа се повика и на пресуда на Европскиот суд за човекови права – Nikula v. Finland (ECHR 2002-II), наведувајќи ја реченицата:
„Адвокатите мора да можат да поставуваат прашања што се однесуваат на спроведувањето на правдата без страв од санкционирање, доколку нивната критика остане професионална и дадена со добра намера.“

„Со оглед дека сме на почетокот на долга правна битка, преку ваквите реакции можеме да очекуваме дека Обвинителството повеќе ќе се грижи за сопствениот имиџ отколку за правната суштина на обвинението“, додава адвокатката.

Читај и ова:

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.