Зоран Јовановски од Стопанската комора во вечерашното дебатно издание на „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека не само во бизнисот, туку со владеењето на правото не можеме да се пофалиме во земјава.
„Не само во бизнисот, туку воопшто владеењето на правото не е една од областите со којашто можеме да се пофалиме многу како држава. Мислам дека тоа е нотирано во извештаите на Европската Унија, тоа сите го нотираат, и тоа една поблага форма на она што е вистинска реалноста на терен“, истакна Јовановски.
.
