Од ЈП Комунална хигиена-Скопје денес информираат дека корисници коишто имаат заостанат долг за собирање и транспортирање комунален отпад (тужени и редовни), од денеска (15 февруари заклучно со 31 март 2023 година), имаат можност истиот да го платат без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Можноста за плаќање на заостанатиот долг без пресметана камата се однесува и на физичките лица и на правните лица.