Во југоисточна Австралија и денеска се во сила предупредувањата за вонредна ситуација откако поплавите предизвикани од повеќедневните обилни дождови зафатија три држави и принудија спасувачки тимови да евакуираат стотици лица.
Предупредувањата за поплави се во сила за големи делови од државата Викторија, јужен Нов Јужен Велс и северните делови на островската држава Тасманија, откако на почетокот на оваа недела падна количество на дожд колку за повеќе од еден месец.
Големи делови од источните држави на Австралија се погодени од силни поплави од почетокот на 2022 година, при што земјата моментално го доживува својот трет последователен временски феномен Ла Ниња, што донесе пороен дожд.
