Јутјубер го купи најскапиот адвент календар во светот за да види дали вреди

Како што се приближува Божиќ, адвент-календарите повторно станаа дел од очекувањето на празниците, а многумина избираат помеѓу класичните верзии со чоколадо и поскапите кои содржат храна или козметика.

YouTuber-от Robbie Knox, познат по тоа што минатата година потрошил околу 800 евра на божиќна декорација, годинава решил да проба Harrods адвент-календар вреден околу 285 евра, наречен „The Food Halls Advent Calendar“. Harrods е позната лондонска луксузна робна куќа која продава производи од висока категорија, од деликатеси до дизајнерски колекции.

Заедно со својот колега YouTuber Jack Carl Dean (познат под онлајн прекарот JaackMaate), снимил рецензија и ги отворил сите 25 прозорчиња.

Според нивното мислење, календарот не ја оправдува високата цена

Knox и Dean биле изненадени од количината на чај и чоколадо во календарот и отворено ја коментирале разочараноста од некои предмети. Најдобар подарок го сметале Harrods-мечето кое може да се стави на божиќната елка, додека непријатни биле дупликатите на златни чоколадни бонбони и различните видови чај. За време на видеото често изразувале незадоволство, нагласувајќи дека очекувале многу поразновидна содржина со оглед на цената.

Откако ги прегледале сите подароци, секој YouTuber ја проценил вредноста на календарот: Jack ја проценил на 97 евра, а Robbie на 132 евра. Нивната проценка јасно покажува дека, според нивното мислење, календарот не ја оправдува високата цена. И покрај тоа, некои производи, како божиќниот џем и зачинетото кафе, оставиле подобар впечаток, со коментар дека „зачинетото кафе е особено добро“.

На крајот, тие ја покажале целата содржината на календарот, која вклучува чоколадни бадеми, шолја, украс за елка, џем, зачинето кафе, чаеви, чоколади, златни чоколадни монети, мини божиќен колач, божиќен пудинг и мини шампањ. Иако богат со содржина, YouTuber-ите заклучиле дека станува збор за календар чија вистинска вредност е значително помала од цената што ја бара Harrods.