Кабинет на Гаши: Претседателот на Собранието не може да свика седница на Комисијата за социјалната политика оти беше одржана денеска

Од кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за ТВ21 рекоа дека претседателот не може да ја свика Комисијата за социјална политика, демографија и млади на која би се нашла точката за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили, поради тоа што Комисијата веќе ја одржала седница во 11 часот од страна на претседателката.

„Во врска со вашите прашања денес за тоа дали Претседателот Гаши ќе ја свика Комисијата за социјална политика, демографија и млади на која би се нашла точката за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и на членовите на нивните семејства сакаме да ве известиттиме следново: Според член 126, став 3 од Деловникот кој што гласи: „Ако претседателот на работното тело НЕ свика седница кога е должен тоа да го стори или ако работното тело нема претседател седницата ја свикува претседателот на Собранието и со седницата претседава членот на работното тело што ќе го определи претседателот на Собранието до завршување на седницата“. Ве известуваме дека претседателот на Собранието деловнички не може да свика седница на споменатата комисија бидејќи истата беше веќе свикана и одржана денес во 11 часот од страна на претседателката на комисијата“, стои во соопштението од кабинетот на Гаши.