Од Кабинетот на Иванов попладнево преку писмено соопштение изразија жалење за тоа што владината делагација била исвриркана, истакнувајќи дека тоа не било предизвикао од пораките на Иванов, бидејќи тој никогаш не поддржувал инциденти и говор на омраза.
-Жалиме што денеска владината делегацијата беше исвиркана на одбележувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен во Крушево, но сметаме дека тоа на ниту еден начин не беше предизвикано од пораките упатени од претседателот Иванов, се вели во соопштението.
Од Кабинетот на Иванов истакнуваат дека „Владата на Република Македонија треба самата да се запраша зошто македонскиот народ на тој начин реагира кон владините претставници и да превземе одговорност зошто народот е поделен и шири говор на омраза кон државните институции и неистомислениците“, се вели во соопштението од Кабинетот на Иванов.