Македонија

Кај Драчево започнува реконструкцијата на главниот мост над Маркова Река

Кај Драчево започнува реконструкцијата на главниот мост над Маркова Река

Град Скопје ги известува жителите на населба Драчево и сите учесници во сообраќајот дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) започнува со зафати за реконструкција на главниот мост над Маркова Река.

Поради изведувањето на градежните активности, во претстојниот период се очекува повремено отежнато одвивање на сообраќајот и можно формирање колони на оваа патна делница.

Апел до граѓаните

Од Град Скопје апелираат до сите возачи и пешаци за:

  • Трпение и разбирање за време на траењето на градежните работи;
  • Стриктно почитување на поставената сообраќајна сигнализација и привремениот режим на сообраќај.

Од градските власти истакнуваат дека реконструкцијата на овој мост претставува значаен и неопходен чекор кон подобрување на сообраќајната инфраструктура, како и за зголемување на безбедноста на сите граѓани кои секојдневно транзитираат низ овој дел од градот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни