„Кај криминални киднапирања, очекуваниот животен век на детето е во просек 4 часа“ вели таткото на Тијана Јуриќ

По повод убиството на малата Вања од Македонија, основачот на фондацијата „Тијана Јуриќ“, Игор Јуриќ за ТВ ПИНК изјави дека како татко чија ќерка доживеала слична судбина бил многу потресен, како и дека следел се што се случувало од ден на ден.

„Како човек кој денес води организација која се занимава со исчезнати деца, исчезнати лица, она што особено ме потресе е тоа што ја добивме информацијата дека таткото е вмешан во тоа“ – рече Јуриќ.

Тој додава дека толку многу сакал да испадне дека не е вистина. Како што вели, не може да најде зборови ниту разбирање за таков гест.

„Ако зборуваме за родител кој го изневерува своето дете и го продава на таков брутален начин, тогаш тоа е нешто што не само што не може да се прости, туку мора да се казни“ – рече Јуриќ.

За жал, вели тој, сведоци сме дека има луѓе кои се подготвени да ги жртвуваат своите деца и немаат пречки да добијат некаков бенефит.

„Мислам дека Македонија треба да размисли за воспоставување подобар систем за потрага по исчезнати деца“ – рече Јуриќ.

На својот Твитер профил претходно изрази сочувство до семејството и порача:

“Ова не требаше да се случи. Кога станува збор за криминални киднапирања, очекуваниот животен век на детето е во просек 4 часа по киднапирањето. Затоа е важна брзата потрага. Нека размислат добро земјите од регионот за подобрување на потрагата систем за исчезнати деца. Сочувство до семејството“, напиша Јуриќ.

Кај криминални киднапирања, очекуваниот животен век на детето е во просек 4 часа – се огласи таткото на Тијана Јуриќ

Во околината на Скопје е пронајдена мртва Вања Горчевска (14) по која цел Балкан трагаше речиси една недела. Таа била киднапирана пред влезот на станот во понеделникот, на 27 ноември, околу 07:20 часот, кога одела на училиште, а како што се испоставили истата ден била убиена.

Полицијата соопшти дека во киднапирањето учествувал и нејзиниот татко.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното