Амбасадорката на САД, Анџела Агелер во интервју за ТВ Сител зборуваше за корупцијата.
Прашана како да се искорени корупцијата во Македонија, таа одговори:
„Ако го имате решението, ве молат да ми го кажете како да се реши корупцијата. Судството треба да работи добро, и тоа е секогаш важно за секој аспект во животот, за образованието, здравството и за се друго. Мсилам дека сето тоа се поврзува со уште нешто поважно, а тоа е економијата. Економијата е можност за земјата, затоа што гледаме многу млади луѓе кои си одат од оваа прекрасна земја, и треба да си поставиме прашање што можеме да направиме да се заврсти економијата. Овие процеси поврзани се поврзани, и корупцијата е рак рана на општеството, и мораме да се соочиме со неа и да се бориме против неа“, изјави Агелер.

