Доколку сметате дека имате лоша судбина и сакате нешто да промените во врска со тоа – имаме неколку корисни совети за вас!
– Не бидете одмаздољубиви! Тој кој што ви направил лошо, ќе си го добие заслуженото! Но не од вас!
– Внимателно бирајте ги вашите постапки. Доколку со нив може да повредите некој, тогаш не правете ги!
– Помагајте и правете добри дела, без да очекувате нешто за возврат! Доколку сакате да имате корист од тоа, тогаш тоа ниту ве прави подобар човек, ниту ја менува вашата карма.
– Сами сносете си одговорност за вашите дела. Вината не ја префрлајте на другите!
– Правете најмалку по едно добро дело на ден!
– Не им посакувајте лошо на другите! Негативната енергија се враќа!
– Извинете се, доколку сте згрешиле!
– Постапувајте со срце, а не со разум!
ПАСИВНОСТ ИЛИ АКТИВНОСТ – Кога сме најотпорни на негативна енергија?
Кога уморен и исцрпен човек ќе се најде меѓу немирните, возбудени или лоши луѓе, тој прима од нив максимум негативна енергија. Но постојат начини да не биде баш така… Во класичната психологија, се наведуваат 2 типа на карактеристики: Висок психолошки тип на личност (позитивен човек) и низок психологшки тип (негативен човек).
Сите луѓе непрекинато емитуваат одредени енергетски фрекфенции, зрачат и впиваат духовни елементи и духовна енергија.
Мала анализа – земајќи банален пример на батерија на полнење: Батеријата непрекинато се полни и празни. И така до недоглед, додека таа трае. Секој пат кога батеријата е празна, треба повторно да биде наполнета. Истата работа е и со човекот.
Додека тој говори, размислува, пишува и слично, тој секогаш се наоѓа во позитивна состојба. Полн е со енергија и истовремено преку овие работи се полни. Тоа се бран на луѓе создавачи, кои се континуирано полни со енергија и често се наоѓаат во рецептивна состојба. Тогаш мора да се полни со енергија. Тој мора да ја впива енергијата и многу често тие се духовно еквивалентни, кои може да предизвикаат во него привремена штета или трајно зло. Во етерот постојат енергетски, отровни духовни струи, кои како арсен лачат „отровна пареа и плин“. Кога човекот стои пасивно, макар само 1 час (60 минути), покрај циничните, мрзоволни и завидливи луѓе, во тие моменти тој со својата сила впива посебни внимателни работи, исплнети со штетни и уништувачки сили. Тој впива „енергетски токсини“, кажано со јазикот на окултната и кармичка медицина. Тој вид на отров е најлош за повеќето луѓе, затоа што нивната долгорочна апсорпција, кај човекот, ги предизвикува сите болести, како на физички, така и на психички план. Делувањето на „енергетски токсини“, сериозно и трајно се остваруваат на скриен начин, најфин начин на разменување на човечкото постоење односно егзистенција на човекот.
Штетните резултати се јавуваат по неколку дена, месеци или години. А редовно им се припишуваат и соседма други причини. Затоа многу е важно во какво опкружување човекот живее и работи, со какви луѓе е во допир, за да не биде она, „со кој си, таков си“.