Министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „10 минути“ на ТВ21 објасни како да знаеме дали станува збор за сезонски или пак за коронавирус.
„Мора да се консултира матичниот лекар или за децата матичниот педијатар. Докторите имаат искуство како се манифестира оваа болест предизвикана од коронавирусот. Имаме во предвид дека ќе се зголеми притисокот кон лабораториите за правење тестови“, посочи Филипче.
Тој додаде дека со новиот апарат за околу 4 пати се зголемил капацитетот за тестирање во Центарот за јавно здравје.
„Добро функционираат и другите лаборатории. Сметам дека можеме да одговориме на тој предизвик, впрочем тоа е нешто за кое ние се спремавме во периодот којшто измина“, вели Филипче.
.
