Како ги чувате парите во паричникот – тоа открива дали ќе бидете богати

Има одредени правила кога станува збор за парите и паричниците до кои треба да се придржувате бидејќи на тој начин се одредува дали ќе бидете богати или не…

Според некои верувања ниту малку не е сеедно дали банкнотите во вашиот паричник се уредно наредени или стуткани и без грижа втурнати. Неуреден паричник го блокира протокот на позитивната енергија а со самото тоа внесува неред во вашите финансии. Затоа, ако сакате да го привлечете изобилството, причникот нека секогаш ви биде уреден, а банкнотите внимателно наредени. Доколку сакате парите и понатаму да ви доаѓаат треба да ги почитувате.

Има нешто на што би требало да внимавате, а тоа е во паричникот никогаш да не носите неплатени сметки па дури ниту тие кои сте ги платиле.Имено, тоа ја привлекува енергијата на плаќања во вашиот живот и постојано ќе морате за нешто да давате пари. Исто така во паричникот треба да чувате само пари и картички, се’ останато носете во нешто друго.
Важно е во него секогаш да имате малку повеќе пари од планираното. Тоа привикува уште подобри финансии во вашиот живот, а и знаете дека се вели дека од „вишок не боли глава“.

И, уште еден детал. Не е сеедно дали самите сте си го купиле паричникот или сте го добиле на подарок.Препорака е сами да го изберете и купите за да подоцна го сакате и своите пари со задоволство ги чувате во него. Секако, одбегнувајте да купувате веќе користени паричници бидејќи никогаш не знаете каков сопственик имал и каква енергија носи со себе – добра или лоша.

И’ бојата на паричникот е важна

– Црвена – боја за луѓе чиј елемент е огин или земја (кај водата и металите има послабо делување) – оваа боја одамна е позната по тоа што привлекува богатство и изобилство. Многу бргу ја неутрализира негативната енергија.

– Темно сина – за луѓе чиј елемент е дрво или вода – оваа боја симболизира изобилство, а паричник во таа боја не би требало да имаат луѓе родени во елементот на огин или метал.

– Црна – за луѓе чиј елемент е дрво или вода – во паричник со таква боја би требало да се чуваат пари ако сакате да привикате благосостојба во својот живот.

– Кафеава – за луѓе чиј елемент е земја или метал – оваа боја донесува богатство и најчеста е меѓу банкнотите, но не би требало да ја имаат луѓе родени во елементот на огин или вода.

– Зелена – за луѓе чиј елемент е дрво или огин – оваа боја е одличен избор за нов финансиски почеток, без оглед што се случувало во минатото.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното