Дали некогаш сте се запрашале кога ќе заврши светот?
Научниците се обидоа да одговорат на ова прашање. Во иднина, екстремните температури кои се движат од 40°C до 70°C би биле смртоносни за повеќето цицачи, вклучувајќи ги и луѓето. Нашите тела нема да можат ефикасно да се оладат преку потење, што би довело до топлотен удар и смрт. Комбинацијата на екстремна топлина, висока влажност и ограничени ресурси најверојатно ќе резултира со масовно истребување.
Кога ќе дојде крајот на светот според истражувањата на научниците?
Една нова студија од Универзитетот во Бристол дава мрачна прогноза за иднината на Земјата, предвидувајќи масовно истребување за околу 250 милиони години. Сепак, овој настан нема да биде резултат на човечки активности како што ги знаеме денес.
Студијата намерно го изостави дополнителното затоплување предизвикано од човековата активност, како што е согорувањето на фосилните горива. Ова значи дека вистинскиот крај би можел да се случи многу порано од предвидените 250 милиони години.
Некои научници веруваат дека светот би можел да стане целосно неплоден до 2200 година, односно за 182 години. Оваа оценка се наведува во извештајот на Националната академија на науките.
Што значи ова за човештвото?
Научниците веруваат дека уште сега треба да почнеме да го планираме животот на други планети. Глобалното затоплување, нуклеарната зима, пандемиите, ударите на астероидите и развојот на вештачката интелигенција претставуваат потенцијална закана за опстанокот на човештвото.
Иако масовното истребување можеби не е толку блиску, оваа студија не потсетува колку е чувствителна климата на Земјата и колку е таа зависна од рамнотежа. Дури и без идните емисии на фосилни горива, природните процеси претставуваат долгорочна закана. Меѓутоа, човечките активности можат да ја забрзаат оваа катастрофа, поради што е важно да се однесуваме одговорно за да се одложи ова сценарио што е можно повеќе.