Како бананата може да ни помогне за поубава кожа и посјајна коса?
Се работи за моќно овошје кое исклучително е корисно за здравјето, а според познавачите тоа е токму најдобриот пријател и на убавината.
Имено, банатата содржи многу калиум, како и витамини Ц и Б6, а исто така е многу корисно и здравјето на косата и кожата.
Калиумот во овошјето ја храни сувата кожа, како и сувата коса, а предноста на ова овошје е што е лесно за консумирање, т.е. лупење и јадење.
Бананата има обновувачки својства што ги отстранува штетните последици од хемиските третмани и обојувањето на косата, а може да се помеша и со урда – како смеса за кожата.
Лицата кои имаат проблем со сува коса можат да ја користат истата смеса, а може и да се додаде лажица чист глицерин или мед.
Бадемовото масло, исто така, има ист ефект врз косата.
Маската може да ја направите така што бананата ќе ја изгмечите, ќе додадете урда и мед, а потоа се меша додека не се добие мазна паста. По 30 минути од нанесувањето, косата треба да се исплакне.
Истата маска може да се користи и за лицето.
Бананата, исто така, може да се меша со друго овошје – јаболка, портокали и папаја. Папајата е богата со ензими корисни за отстранување првут. Портокалот содржи витамин Ц, а тој е одличен за комбинирање со банани. Јаболката, исто така, имаат ефект на чистење и затегнување на кожата. Бананата е дефинитивно еден од најхранливите и најздрави видови овошје, не само за телото, туку и за косата и кожата.