Како вие го правите?! – Ви носиме рецепт за најдобриот македонски ајвар, вкусот е божествен!

Дознајте како да го направите најдобриот топол македонски ајвар.

Состојки:

10 кг црвени пиперки

2 кг модар патлиџан

4-5 лути пиперки (можете да додадете повеќе или помалку, во зависност од саканата пикантност)

1,5 l масло (по можност сончогледово масло)

1 главица лук (по избор)

200 мл оцет

100 гр шеќер

100 гр сол

Рецепт за македонски ајвар:

Печете ги пиперките за ајвар на скара, во рерна или на шпорет. По печењето ставете ги во поголем сад и покријте ги за полесно да се лупат. Кога ќе се изладат, излупете ги и извадете ги семките. На ист начин испечете ги модрите патлиџани, излупете ги и извадете ги семките. Од лутите пиперки извадете ги семките (ако сакате поблага варијанта), па ситно исечкајте ги.

Пиперките, модрите патлиџани и лутите пиперки сомелете ги во мелница за месо или исечкајте ги во блендер, но не многу ситно – оставете мали парчиња за текстура.

Загрејте го маслото во големо тенџере. Додадете ја мелената смеса и пропржете ја на средна температура со постојано мешање.
Додадете сол, шеќер и оцет. Пржете додека смесата не се згусне и маслото не почне да се одвојува од смесата (тоа може да потрае 2-3 часа). Кон крајот на готвењето додадете ситно сечкан лук (ако го користите) и пропржете уште малку додека да омекне и смесата да стане целосно хомогена.

Стерилизирајте стаклени тегли и капаци. Додека ајварот е уште топол, истурете го во подготвените тегли, цврсто затворете ги и свртете ги наопаку за да се запечат херметички. Оставете ги да се изладат.

Совет плус!

Доколку сакате ајварот да биде уште полут, додадете уште лути пиперки или кон крајот на пржењето додајте сува, мелена лута пиперка.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното