Забава

Какви придобивки имаме од зелениот чај?

Дали знаете какви се придобивки имаме од зелениот чај?

Д-р Аичи Фукушима за „Никох Кејзаи“ истакна дека зелениот чај помага во спречување на појава на повеќе болести, меѓу кои спаѓаат и мозочен удар и некои видови на рак.

Според него, последниве години бројот на епидемиолошки испитувања посветени на овој производ е значително зголемен.

„Со Мета-анализа за 2021 година, комбинирајќи и анализирајќи ги резултатите од неколку трудови, потврдено е дека потрошувачката на зелен чај е поврзана со намалена опасност од развој на многу широк спектар на болести, вклучително и одредени видови на канцер, како што се рак на ендометриумот, белите дробови или на јајниците. Тој е корисен и за срцевите болести и спречува мозочен удар“, рече докторот.

Тој вели дека сето ова се должи на присуството на катехини, кои пак се наоѓаат во големи количини во зелениот чај, а истите ја зголемуваат активноста на ензимите вклучени во распаѓањето и согорувањето на маснотиите, што го олеснува користењето на мастите како енергија.

„Полифенолите во зелениот чај се нарекуваат чајни катехини. Тие имаат силно антиоксидантно дејство“, додава докторот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни