Во следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со окални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината.
Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.
