Камбовски: Оставки не се реформа, aко сакаме реформа тогаш се прави со промена на закон

Претседателот на Здружението на судии, Александар Камбовски, по завршувањето на Судиската конференција „Зајакнување на судската независност и одговорност преку поголема ефикасност на постапките“, организирана од Здружението на судии на РСМ со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, истакна дека оставките од судии и обвинители не се решение за реформирање на судството.

„Оставки не се реформа. Судскиот совет е целосно променет сега. Така го замислил судскиот совет уставодворецот да немаме се едни исти членови. Ако сакаме реформа, тогаш се прави со промена на закон, со намалување на мандат, а само персонални промени нема ништо. Која е гаранцијата дека новите судии ќе придонесат за подобрување на судството“, рече Камбовски.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното