Каменос бара оставки од 101 пратеник за да се спречи ратификацијата на Договорот од Преспа

Претседателот на „Независни Грци“ Панос Каменос, побара оставки од 101 пратеник за да се спречи ратификација на Договорот од Преспа кој треба да се гласа денеска во грчкиот Парламент.

Каменос најпрво самиот понудил оставка, а потоа побарал уште 100 пратеници да го сторат истото.

„Најпрво ќе ја поднесам мојата оставка. До 14 часот ќе можеме да ја спречиме ратификацијата на Договорот од Преспа со 101 оставка во парламентот и да со тоа да ставиме крај на овој договор“, напишал Каменос.

Извор: ТВ21