Камион излета од патот Струга-Ќафасан, сообраќајот е блокиран

Обилните врнежи од снег вечерва предизвикуваат проблеми во сообраќајот речиси низ цела Македонија. Патниот правец Струга-Ќафасан е блокиран поради излетан камион.

Во прекин е и сообраќајот на магистралниот пат А2 Охрид- Ресен кај превојот Буково, соопштија вечерва од АМСМ.

Како што посочуваат, сообраќајот е во прекин поради случена сообраќајна незгода.

Од АМСМ известуват дека oд 20:05 часот е воведена забрана за сите видови возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан поради обилни врнежи од снег на коловозот.

Поради врнежи од снег, на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 18 часот се воведува задолжителна употреба на зимска опрема (ланци) за сите видови возила, соопштија денеска од ЈП „Македонија пат“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното