Во време кога Скопје се соочува со сериозна комунална криза, денеска се случи нов инцидент кој дополнително предизвика револт кај граѓаните.
Камион на ЈП „Комунална хигиена“, според првичните информации, по грешка истурил голема количина отпад директно на раскрсницата на булеварот кај фабриката „Цементара“.
Како што може да се види од фотографиите од лице место, куп од кеси со ѓубре и расфрлан смет беше оставен на една од коловозните ленти, принудувајќи ги возилата што се движеа по булеварот внимателно да го заобиколуваат.
Инцидентот предизвика застој во сообраќајот во овој фреквентен дел од градот.
Оваа грешка доаѓа во најлош можен момент, само неколку часа откако Судот им одреди 30-дневен притвор на две лица од „Комунална хигиена“ поради сомневање за „загрозување на животната средина и природата со отпад“, што дополнително ја продлабочува кризата со сметот во главниот град.