4NEWS.mk

Камион од Србија преминал во спротивна лента, седуммина мртви

Седум лица загинале утрово во сообраќајна несреќа во близина на Будимпешта кога камион удрил во два автомобили, пренесуваат унгарските медиуми, наведувајќи дека станува збор за камион со српски регистарски таблички.

Несреќата се случила утрово околу три часот кога камион што патувал кон Будимпешта удрил во оградата и преминал во спротивната лента, каде што се судрил со два автомобили.

Возачот на камионот, наводно, не е повреден.

Унгарската полиција на Твитер објави дека седум лица загинале во судир рано утрово на автопатот М5.

„Камионот ја искорна заштитната ограда и се судри со два автомобили на спротивната лента. Сите три возила се запалија, а патниците во автомобилот загинаа на лице место“, соопшти унгарската полиција, не наведувајќи од каде дошле возилата вклучени во судирот.

Делницата на автопатот кај Кистелек беше затворена во двата правци.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни