4NEWS.mk

Камион со 81 мигрант излетал од патот во Куманово

Вчера во 23.00 часот на автопатот Куманово–Табановце полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно возило „ДАФ“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, но возилото не застанало. Набргу потоа, според пријавеното, на ул.„Железничка“, пред с.Черкезе, кумановско, возилото излетало од патот. При преглед на возилото биле пронајдени 81 лице – мигранти од Авганистан, Индија, Бангладеш и Пакистан. Мигрантите се привремено сместени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на расчистување на случајот.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни