Канадскиот премиер: Времето на блиска соработка со САД заврши

Новиот канадски премиер Марк Карни денеска изјави дека деновите на блиска соработка со САД се „завршени“ бидејќи таа земја повеќе не е „доверлив партнер“.

„Старите односи што ги имавме со САД, засновани на длабока интеграција на нашите економии и блиска соработка во безбедноста и одбраната, завршија“, рече Карни на прес-конференција.

Канадскиот премиер додаде дека за „ден или два“ ​​ќе има разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, кој во неколку наврати изјави дека би сакал Канада да стане „51-ва американска држава“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното