На редовна седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно беше изгласан кандидатот за градоначалник на општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори Стојано Радичевски.
Според нив, тој е актуелен претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница.
„Стојанчо Радичевски дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и е магистер по граѓанско право.
Очекуваме обединување на сите прогресивни сили и поддршка за предлогот кој претставува чесно и искрено решение за напредокот и иднината на општина Брвеница.
ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа за подобра Брвеница!“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.