Супермоделот од 90-тите, пејач, текстописец и поранешна прва дама на Франција традиционално го привлекува вниманието каде и да се појави, па така беше на новото издание на Модната недела во Париз.
Модната ревија на Сен Лоран, но и изложбата на славниот Тери Миглер, 53-годишната Бруни не сакаше да ја пропушти.
Иако дамите од светот на славните личности отсекогаш се труделе да не се појавуваат во иста комбинација на облека, истото не може да се каже за Карла Бруни.
Во духот на француската безгрижност, Бруни се појави на модна ревија и изложба во идентично издание – тесен, црн комбинезон што ја направи посебна со модни додатоци.
Појас со обемно, златно копче ја истакна нејзината беспрекорна фигура, додека V-деколтето на комбинезоните беше украсено со ѓердан со интересен приврзок.