Градоначалникот Билал Касами поради пожарот во Тетово апелира до граѓаните да не ги напуштаат непотребно домовите, а оние што заминуваат задолжително да носат маска бидејќи воздухот е загаден.
„Почитувани тетовчани! Поради големиот пожар што утринава избувна во фабрика на влезот во градот, квалитетот на воздухот е значително влошен. Ги повикуваме граѓаните да не ги напуштаат домовите непотребно. Најпогодени се оние со белодробни, респираторни и срцеви заболувања, кои денеска мораат да останат дома и да ги следат извештаите за квалитетот на воздухот. Оние граѓани кои треба да бидат надвор треба да носат заштитни маски, по можност H95. Чувајте ги затворени прозорците и вратите во вашите домови и внимавајте на вашето здравје“, рече Касами.