Денешната лидерска средба во Клубот на пратеници послужи и како неофицијална изложба на возниот парк на политичките првенци. Додека дел од лидерите се одлучија за луксуз и моќни машини, други се појавија со значително поскромни возила.
Најголемо внимание привлече лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кој на средбата пристигна со најстариот автомобил – Пасат од 2021 година.
„Ладно ми беше на точак“, ни рече Апасиев на паузата од лидерската средба.
Од друга страна, вистински луксуз демонстрираа лидерот на Беса, Биљал Касами, и министерот Горан Минчев, кои на средбата дојдоа со нови модели на БМВ.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, остана верен на својот избор за германската марка Ауди, додека премиерот Христијан Мицкоски се појави со возило од марката Шкода.
Овие разлики во изборот на автомобили не поминаа незабележано кај новинарските екипи, кои го анализираа секој детаљ пред влезот на институциите.
